Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Вести Свет На Земјата и’ се заканува најголемиот астероид досега

На Земјата и’ се заканува најголемиот астероид досега

Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Голем астероид со маса од 55 милиони тони би требало до крајот на годината да помине покрај Земјата.


Експертите на НАСА соопштиле дека огромен астероид ќе помине меѓу Земјата и Месечината во ноември оваа година и ќе биде видлив со помали телескопи.

Станува збор за ретка прилика астероид со таква големина да може се види од Земјата.

Според најпесимистичките сценарија, доколку астероидот со името ЈУ 55 ја погоди Земјата, ударот би бил еднаков на експлозија на 65 илјади атомски бомби и зад себе би оставил кратер широк скоро десет километри и длабок околу 600 метри.

Астероидот би требало да остане оддалечен од земјата повеќе од 300 илјади километри и ќе биде најголемиот објект кој толку близу и’ се доближил на Земјата.

НАСА веќе го квалифицирала како потенцијално опасен објект, нагласувајќи дека опасност не постои, доколку астероидот остане на својата патека.

Експертите проценуваат дека судир на Земјата со астероидите се случува на секои стотина години.

Hits: 523
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...