Sunday, Feb 05th

Апдејт:04:05:39 PM GMT

вие сте: Вести Свет Ја убил сопругата зошто му ги открила аферите на Фејсбук

Ја убил сопругата зошто му ги открила аферите на Фејсбук

Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Еден младоженец ја убил неговата сопруга, по пет месеци од бракот, откако таа ги открила неговите афери на Фејсбук.

Мажот ја удавил својата сопруга откако таа открила дека тој имал афера, речено било на судот, а пренесува "Дејли мејл".

Мајкл Робертс (27) потоа  го „замаскирал„ убиството на Вики (25), така што неговата сопруга се чинело дека сеуште е жива. Тој испраќал текстуални порака од нејзиниот мобилен телефон до нејзиното загрижено семејство и пријателите, во кои смс стоело дека го оставила за друг.

Робертс дури одржал тажна вечера со нејзините родители, додека нејзиното тело лежело мртво во нивниот стан.



Полицијата била повика да го испита случајот, а Робертс им избегал откога еден полицаец почнал да ја претресува гаражата каде што мртвото тело било завиткано во јорган.

Робертс се криел четири дена - престојуваат во хотели под лажно името - но тогаш тој бил забележан од пријател кој го пријавил во полицијата.

За време на испитувањето, тој признал дека ја убил неговата сопруга, но негирал дека тоа е убиство.

Тој тврдел дека случајно ја удавил кога сексуалната игра тргнала на лошо.

Робертс, кој го опишуваат итар, веќе се појави на судењето за убиството во Кралскиот суд во Ливерпул.

Hits: 722
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...