Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Вести Регион Виолетово теле се роди во Чачак

Виолетово теле се роди во Чачак

Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
Во семејството на Радмила Главоњиќ во селото Јездина во Чачак, Србија, кравата Ѓурѓа отелила машко виолетово теле.


Телето, кое како да е потомок од кравата на најпознатите чоколади “Милка“, стана главна атракција во селото.

“Дури кога кравата го излижа телето, видовме дека има необична боја, но мислевме дека со времето таа боја ќе премине во вообичаената. Но кога го видовме телето на дневна светлина наредниот ден, тоа навистина беше виолетово, исто како на рекламата“, раскажала Радмила Главоњиќ.

Таа додала дека кравата ја купила во Нов Варош и дека до сега се отелила неколку пати. Ниту едно од младите телиња до сега немало необична боја.

“Соседите, а особено децата, се воодушевени од приновата. Ниту најстарите мештани не паметат дека некоја крава отелила слично теленце до сега“, раскажала Главоњиќ.

Извор: Нетпрес

Hits: 557
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...