Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Вести Регион Цеца го фалсификувала тестаментот на Аркан!

Цеца го фалсификувала тестаментот на Аркан!

Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

38-годишната српска фолк ѕвезда Цеца Величковиќ го фалсификувала тестаментот по убиството на нејзиниот сопруг Жељко Ражњатовиќ, попознат како Аркан.

- Лажниот тестамент беше направен по убиството на Аркан во јануари 2000-та година, обвини еден од синовите на Аркан, 28-годишниот Војин Мартиновиќ.

Според него, Величковиќ го направила тоа, за да го земе за себе целото наследство на неговиот татко. Аркан има девет деца, од кои три со Цеца, а останатите се од бракот со Наталија Мартиновиќ.

Во моментов Војин живее во САД. Тој тврди дека по погребот на неговиот татко, Цеца ветила дека ќе го раздели имотот на половина - едниот дел за неа, а другиот за неговата поранешна сопруга и нејзините деца.

- 40 дена по смртта ненадејно се појави лажниот тестамент со кој Аркан се и остава на Цеца. На суд се покажа дека документот е апсолутен фалсификат, но кога министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ ти е семеен пријател, се е можно, изјави Војин Мартиновиќ кој прецизираше: „Целта беше јасна - Цеца да заграби се. Залудно правевме вештачења. Благодарение на Дачиќ, Цеца секогаш ќе победува на суд во Србија“.

Минатата година Цеца Величковиќ беше осудена на казна домашен притвор поради илегалната продажба на фудбалери од тимот „Обилиќ“. Во моментов таа носи електронска алка на ногата. Аркан се сметаше за еден од најголемите воени криминалци на територијата на поранешна Југославија. Тој лично раководеше паравоена армија, која учествуваше во убиствата на илјадници невини граѓани главно во Хрватска и Босна и Херцеговина.

Hits: 986
Коментари (1)Add Comment
...
Коментирано од ana, јануари 16, 2012
Arkan so Ceca ima dve deca, a ne tri, sinot Veljko i kerkata Anastasija. Najstariot sin mu e od sveganka, dvete kerki sofija i angela se od belgijanka i srbinka. So natalija martinovic imase 4 deca: milena, vojin, nikola i masha. Znaci so pet zeni imal devet deca, a ne od dve, pa otvorete wikipedia se vi pisuva.


Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...