Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Вести Регион Во Бугарија произведен првиoт патнички автомобил

Во Бугарија произведен првиoт патнички автомобил

Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Во погоните на фабриката „Литекс моторс“ во соработка со кинеската компанија „Грејт вол“ во бугарскиот град Ловеч е произведен првиот бугарски патнички автомобил.

Менаџерот на „Литекс моторс“, Кирил Георгиев изјави дека првиот мотниран автомобил е од марката „Грејт вол волекс Ц10“, а оти сериското производство во фабриката ќе почне во почетокот на наредната година. Тогаш официјално ќе биде отворена фабриката во која ќе работат 2.000 луѓе.

- Компанијата поради големото интересирање веќе разви дилерска мрежа и отвори претставништва во две балкански земји, рече тој.

Во „Литекс моторс“ ќе се произведуваат три модели на патнички автомобили, вклучувајќи џип и пикап, кои според најавите на компаниите ќе бидат евтини и поквалитетни. Џипот со „фул“ опрема веќе се рекламира по цена нешто поголема од 12.000 евра.

Сопственикот на фабриката „Литекс моторс“ е бизнисменот и сопственик на фудбалскиот клуб „Литекс“ Гриша Ганчев, кој поседува 92 отсто од акциите, додека остатокот припаѓа на Корпоративната трговска банка.

Неодамна од „Литекс моторс“ е најавено и производство на електромобили, кои во соработка со компанијата „Грејт вол“ ќе почне на пролет наредната година.

 

Hits: 377
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...