Грчката драма околу референдумот ја “извади од такт“ и ладнокрвната германска канцеларка, Ангела Меркел, па светскиот печат денеска објави што се’ таа му кажала на грчкиот премиер Јоргос Папандреу.

Канцеларката му се заканила на Папандреу дека Грција, не само што ќе остане без пакетот помош и ќе излезе од еврозоната, туку и на 10 години ќе ја исфрлат од ЕУ, доколку не се откаже од референдумот и доколку не го прифати предложениот план за помош, пишува британскиот весник “Дејли меил“.
Но, пропаднаа надежите дека во Грција би можело да се формира коалициска влада без проблематичниот Папандреу, оти опозицијата не сака да седне во таква влада, туку инсистира во следните шест недели да се одржат предвремени избори.
Американскиот претседател, Барак Обама, го отфрли планот дека и САД ќе вложат средства во фондот на ММФ, со цел во Италија и Шпанија да не се случи грчкото сценарио.
На вториот ден од самитот на Г20 во Кан, претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, потврди дека не се постигнал договор за зголемување на средствата на ММФ.
Во фондот на ММФ има околу 950 милијарди долари, но половината од овие пари се веќе проследени на земјите во криза.
Баросо, исто така, потврди дека Италија се согласила на надзор од страна на ЕУ и ММФ.
Во меѓувреме трае и медиумскиот притисок на грчкиот премиер – радиото “4's World“ пренесува разговори со граѓаните на Атина, кои воглавно го велат ова “се надевам дека ќе умре“ и “мислам дека не е нормален“, пренесуваат грчките медиуми.

Email This
Hits: 209
Коментари (0)

Што мислите за оваа вест