Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Вести Регион Папандреу свика кризен состанок на својот кабинет

Папандреу свика кризен состанок на својот кабинет

Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу денеска свика кризен состанок на својот кабинет во моментот кога пратениците од неговата социјалистичка партија и министрите се противат на неговиот план да се одржи референдум.

Во соопштението од канцеларијата на Папандреу се наведува дека состанокот ќе биде одржан напладне. Состанокот беше свикан откако министерот за финансии Евангелос Венизелос се спротивстави на планот на премиерот за одржување на референдум, сметајќи дека учеството на Грција во еврозоната не може да зависи од референдум и дека вниманието мора да биде насочено на брзо добивање пари за спасување на земјата од должничката криза.

Претходно денеска две пратенички од мнозинската социјалистичка партија рекоа дека нема да гласаат кога ќе се гласа доверба на владата во петок, со што социјалистите го губат тесното мнозинство во парламентот, намалена на 150 од 300 пратеници.

Како што наведува агенцијата Франс прес, Папандреу уште теоретски може да добие доверба во зависност од бројот на пратениците што ќе гласаат, но во овој момент малку е веројатно дека ќе остане на власт.

Пратениците од неговата партија кои не сакаат да гласаат се противат на неговата намера да одржи референдум за европскиот план за помош, на што се противат и пет министри од неговата влада.

Еден социјалистички пратеник денеска изјави дека Папандреу „е минато".

Hits: 78
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...