Косовското Министерство за внатрешни работи вчера почна да издава биометриски пасоши за жителите на Косово.
Косовскиот министер за внатрешни работи, Бајрам Реџепи изјави дека со лансирањето на биометриските пасоши е исполнет еден од најважните услови, кои треба да се остварат за либерализација на визниот режим со ЕУ.
Косовскиот премиер Хашим Тачи рече дека издавањето на биометриските пасоши значи дека Косово ќе ги исполни условите за визна либерализација.
- Со издавањето на првиот биометриски пасош е исполнет мошне важен предуслов за Косово, како во безбедноста на документите, така и во процесот на либерализација на визниот режим. Тоа е голем чекор за Косово. Тоа е документ кој го зближува народот на Косово со ЕУ, рече Тачи на церемонијата во косовското МВР.
Биометриските пасоши за Косово се произведуваат во Австрија.



















