Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Вести Регион Во Бугарија разбиена група на педофили

Во Бугарија разбиена група на педофили

Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Бугарската полиција уапсила 20 членови на криминална група која се занимавала со ширење на детска порнографија.

Полицијата во специјална акција во повеќе бугарски градови запленила голема количина на видео клипови со сексуални сцени во кои учествуваат деца од две до 11 години.

Директорот на отсекот за компјутерски прекршоци Јавор Колев изјавил дека децата од запленетите клипови се од Латинска Америка, Азија и Русија, а голем дел од снимките се направени преку „Скајп“.

Во текот на полициската акција во Софија, Бургас, Благоевград, Варна и во уште неколку градови, се запленети 32 компјутери, еден сервер, флеш мемории и друга компјутерска опрема.

Лицата кои се осомничени се на возраст од 20 до 40 години, а во полицијата ќе поминат 24 часа, по што против нив ќе биде покрената кривична постапка.

Hits: 158
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...