Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Вести Регион Aлбанка осомничена за убиство на тројца мажи уапсена во Грција

Aлбанка осомничена за убиство на тројца мажи уапсена во Грција

Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Грчката полиција ја уапсила 43-годишната Албанка со грчко потекло Вангелица Загкас, под обвинение за убиство на најмалку тројца мажи
Грчката и албанската полиција имале сигурни докази дека таа е извршител на убиствата. Едното по апсењето го признала.

Загкас, од јужниот албански град Саранда, емигрирала во Патра, Грција, пред петнаесеттина години откако во родната Саранда го убила сопругот, по што албански Интепрол имал распишано потерница по неа.

Грчката полиција почнала истрага откако било пронајдено телото на грчкиот бизнисмен Тасиос Цагаропулос, кој се сметал за исчезнат од мај минатата година.

Откако била уапсена, признала дека заедно со нејзиниот љубовник 61-годишен Грк, го убиле бизнисменот, бидејќи ја принудувал на проституција со богати и стари мажи а парите и ги земал.

По четири месеци од смртта на бизнисменот ненадејно починал и нејзиниот соучесник, за кого полицијата се сомнева дека го отрула.

Грчките органи ја товарат и за измама и ограбување на повеќе од десет богати Грци во поодмината возраст.

Hits: 505
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...