Email This
Hits: 472
Коментари (0)

Што мислите за оваа вест
Monday, May 21st
Апдејт:09:38:21 PM GMT
Напаѓач со нож убил три, а тешко повредил седум луѓе, меѓу кои и четири деца, синоќа во селото Хлапчевиќ, во близина на Сараево
Босанската полиција веднаш по потерата го уапсила убиецот, а според националната телевизија станува збор за 40-годишен маж кој бил душевно болен.
Меѓу убиените се две жени, на 35 и 40 годишна возраст, и 74-годишен старец.
Повредените, кои се деца на возраст меѓу една и четири години, се префрлени во Клиничкиот центар во Сараево, каде бил донесен и убиецот кој бил повреден додека им давал отпор на полицајците при апсењето.
Според полицијата, мотивот за злосторството не е познат, а претставник на Министерството за внатрешни работи на Зенитско-добојскиот кантон изјави дека истрагата е во тек.






