Македонија денеска одбележува 140 години од раѓањето на еден од најголемите македонски револуционери, Гоце Делчев, идеологот на Илинденското востание и човекот кој светот го разбираше како „поле за културен натпревар меѓу народите“.
По тој повод, претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев, во Црквата Св. Спас во Скопје.
Високите државни и странски делегации ќе положат цвеќе откако, во Црквата Св.Спас ќе биде одржана Литургија на Македонската православна црква.
во Црквата Св.Спас ќе настапи и Мешаниот градски хор „Вардар“ под диригентско водство на Илија Атанасов.
Еден час подоцна ќе положат цвеќе и на споменикот на Гоце Делчев на Плоштадот Македонија, а во 12:30 часот и на споменикот во Градскиот парк во Скопје.



















