Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Вести Македонија Забрана за товарни возила на патните превои Стража, Буково, Ѓавато, Плетвар и Пресека

Забрана за товарни возила на патните превои Стража, Буково, Ѓавато, Плетвар и Пресека

Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Ниските утрински температури и остатоците од снег по дел од коловозите, резултираа со воведување на забрани за движење на товарни возила на дел од патните правци во државава.

Забрани за тешки товарни возила има на патните правци: Р 409 Крак Маврово -  Дебар, правец Струга - Ќафасан, Струга - Дебар, Македонски Брод - Прилеп (планински превој Барбарас), потоа планинските превои Стража, Буково, Ѓавато, Плетвар и Пресека. За сите останати моторни возила задолжителна е употребата на зимска опрема.

На патниот правец Крива Паланка - Деве Баир зимската опрема е задолжителна за сите видови на моторни возила. Поради ниските температури на планинските превои, клисурите и мостовите можна е појава на голомразица. Посебна внимателност на патниот правец Дебар - Струга (Р418) поради почеста појава на одрони.

До сите возачи се препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.

Hits: 182
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...