Вкупно 280 тони сол ноќеска се фрлени на скопските сообраќајници, информирааат од Град Скопје. На терен е делувано со 16 возила, а солта е фрлена на главните градски сообраќајници, мостови, надвозници, подвозници и таканаречените „црни точки".
Од градот велат дека кризниот штаб во текот на денот ќе ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите.