Низ цела Македонија денеска и утре претпладне ќе има пообилни врнежи од снег, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Оттаму најавуаат дека ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер што ќе услови појава на снежни наноси. Утре кон крајот на денот врнежите постепено ќе престануваат.
Метеоролозите за денеска најавуваат студено време со минимална темпертура од минус четири степени, а максимална до два степени.
Во Скопје во утринските часови температурата ќе биде до минус еден, додека во текот на денот живата во термометрите ќе се искачи само до нула степени.
Овие температури се само најава за артичките минус 20 што се најавуваат за викендот што претстои.