Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Вести Македонија Друцас гледа промена во пристапот на Скопје за прашањето за името

Друцас гледа промена во пристапот на Скопје за прашањето за името

Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Има промена во пристапот на Скопје во спорот за името, оценува шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас.

-  Нашиот впечаток е дека полека, но сигурно има промена во пристапот на Скопје. Тие сфатија дека треба да изнајдат договор со Грција со цел да имаат реална европска перспектива. Спорот за името Македонија е прашање кое е длабоко вкоренето во душата на секој Грк. Но, ако сакаме искрено да најдеме решение ние (Атина и Скопје) ќе мораме да разговараме за да се разбереме подобро меѓу себе, рече Друцас во Атина каде што зборуваше за надворешно-политичките визии на Грција со цел за поттикнување на процесот на евроинтеграција на земјите од Западен Балкан.

Запрашан дали не е контрадикторно Грција од една страна да се залага за интеграцијата на Западен Балкан во Европската унија кога во исто време прашањето за името со Македонија значи дека процесот на интеграција за Скопје е во мирување, Друцас вели дека не постои контрадикторност. Според него, по доаѓањето на власт на премиерот Јоргос Папандреу во октомври 2009 година, на негова иницијатива Атина ги засилила личните контакти со македонските лидери како поддршка на процесот што се води во рамки на ОН од медијаторот Метју Нимиц.

Шефот на грчката дипломатија притоа го повтори ставот на официјална Атина за име со географска одредница за севкупна употреба. Грција сака име со географска одредица, вели Друцас и посочува на примерите за можни решенија како „Северна Македонија“ и „Горна Македонија“ со чија употреба од страна на сите земји на меѓународно ниво, како што наведува, би ги тргнало на страна сите можни територијални и националистички прашања.

Hits: 153
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...