Убиецот кој со 25 убоди од нож ја усмртил седумдесет и петгодишната кичевчанка Верица К. и ја фрлил во близина на кичевската болница вчера попладне е уапсен, потврди полицијата.
Идентитетот на осомничениот убиец се уште не се соопштува. Од полицијата велат дека во текот на денот ќе излезат со деталји за случајот.
Верица К. беше најдена мртва на 18-ти август годинава од полициска патрола во близина на новата болница во Кичево. Жената беше најдена со 25 убоди во телото, најверојатно од нож, откако 10 дена претходно нејзиното семејство ја пријави за исчезната.
Ова убиство, кичевчани ги потсети на убиствата на жени за кои беше осомничени новинарот Владо Таневски, кој еден ден откако беше уапсен, под сомнителни околности, се удави во кофа со вода во тетовскиот затвор.



















