Sunday, Feb 05th

Апдејт:04:05:39 PM GMT

вие сте: Вести Македонија Се уште не се открива идентитетот на убиените во Аеродром

Се уште не се открива идентитетот на убиените во Аеродром

Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Се уште нема официјални информации од Министерството за внатрешни работи за идентитетот на тројцата убиени во вчерашниот инцидент во рибен ресторан во скопската населба Аеродром.
Од МВР утрово велат дека официјални информаци и ќе можат да соопштат дури попладне.

Засега неидентификуван и наводно уапсен убиец, ладнокрво, како од филмско платно, влегол во рибниот ресторан „Биг Фиш“ и со автоматска пушка „Калашников“ изрешетал тројца гости, додека вечерале во ресторанот. Ја оставил пушката пред влезот на ресторанот и избегал во правецот на Велес, каде е фатен на автопатот.

Засега од МВР не го откриваат идентитетот на убиените, ниту пак на  убиецот. Сеуште не се знае дали тој сам го направил крвавиот пир, или пак имал помагатели.

Интересно, за убиените не сакаат да зборуваат ниту нивните најблиски. Во атмосфера на отсуство на официјални информации, меѓу новинарите и на „берзата на информации“ во јавноста, се говори дека еден од убиените бил полицаец, друг припадник на такавиканата „Франкфуртска мафија“ од Велес.

Како посебна пикантерија се прима информацијата дека еден од убиените, наводно бил баџанак на шефот на обезбедувањето на премиерот Никола Груевски.

Дека настанот добива посебна тежина говори фактот што уште синоќа на местото на убиството се собра речиси комплетниот полициски врв. Засилено беше присуството на полицијата и пред Ургентниот центар во Скопје, каде беа донесени повредените и двајца починаа, еден пред, а другиот за време на хируршката интервенција.

Hits: 199
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...