Мобилните телефони имаат се повеќе корисни функции, но наскоро очекувајте и повеќе, да станат емотивни и корисниците да ги држат за рака или да ги бакнуваат! Фабијан Хемерт, истражувач на Универзитетот на уметноста во Берлин, неодамна ги претстави прототипите на новата генерација мобилни телефони.
Еден од нив е опремен со посебен уред кој го симулира стисокот на раката кој го контролира соговорникот „од другата страна“.
Друг уред поседува посебни сензори кои овозможуваат да почувствувате топлиот здив во вашиот врат додека разговарате со саканата личност.
Хемерт го претстави и телефонот кој може да бе бакне. Мал, влажен сунѓер може додека разговарате со саканата личност да и даде „вистински“ бакнеж.