Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Технологија Мобилни Google Translate преведува и зборува странски јазици на Android телефоните

Google Translate преведува и зборува странски јазици на Android телефоните

Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 
Google објави нова верзија на Translate апликацијата за Android телефоните, која ја има опцијата за „разговорно преведување“ која преведува во момент додека се зборува, додека се води разговор со странски соговорник.



Доволно е само да се кликне на микрофонот на апликацијата, да се изговори збор, фраза и цела реченица, која Тranslаte ќе се обиде да ја разбере, зависно од јасното изговорување, позадинската бучава и акцентот, и ќе ја преведе на странски јазик при тоа изговорувајќи ја реченицата. Moжеби проблем што ќе го успори разговорот е потврдувањето дали е точно разбрана изговорената фраза, но барем е подобро одошто пребарување речник. Погледнете го демото претставено пред некој месец.

Опцијата е во алфа, преведува само англиски во шпански, но е доволно добра да се проба и да се види дека наскоро ќе ги срушиме јазичните бариери со сервиси како Translate.

Самата Translate апликација е достапна за Android 2.1 телефоните и преведува текстови на 53 јазици, меѓу кои македонскиот и албанскиот, а подржува и внесување текст со говор на 15 јазика.

Hits: 631
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...