Групата хакери позната како „Анонимус“ веќе објави дека денеска на пладне (според времето во Вашингтон) ќе ја нападнат социјалната мрежа Фејсбук.
Пораката е објавена преку видео снимка поставена на Јутјуб. Ова би било уште еден во низата протестни барања по затворањето на веб страницата „Мегауплоад“ поради малверзации, но се уште не се знае дали зад нив стојат „Анонимуси“.
За нападот врз Фејсбук, „Анонимуси“ бараат помош од американските корисници на интернет.