Утре, најпосетените интернет сајтови, пребарувачот Гугл, Јаху, Википедија и социјалната мрежа Фејсбук ќе протестираат.

На овој чекор се одлучија во знак на поддршка на иницијативата против законот за запирање на интернет пиратеријата СОПА и проектот Ај-Пи. Предлог законот е поднесен со намера стопирање на пиратеријата надвор од САД и филтрирање на интернет страниците.
“Едноставно не можеме да го игнорираме законот кој ќе влијае на слободата на говорот во САД”, стои во соопштението објавено на Твитер од основачот на Википедија, Џими Вејлс.
Покрај ударот врз слободата на говорот со законот се предвидува можност сопствениците на авторските права да побараат пари за користење од огласувачите, а не од сопственикот на интернет сајтот. Економските последици би биле фатални како врз сопствениците така и врз интернет корисниците.

Email This
Hits: 550
Коментари (0)

Што мислите за оваа вест