Традиционално, интернет гигантот "Гугл" на своjaта главна страница одбележува значаен настан, а овој пат тие одлучија тоа да е од музичките води.

На почетната страница на Гугл ќе ви посака добредојде логото на компанијата во форма на жици од гитара и некој гитарски делови, а на тој начин сакаат да ја одбележат годишнината од раѓањето на легендарниот музичар Лес Пол.
Освен што логото личи на гитара, можно е и да отсвирите ннешто. Пробајте со глувчето над некој од жиците или со помош на типките од тастаурата. Не е баш целосно функционална гитара, но мора да признаете дека е забавно.
Лес Пол нема да може да ја прими честитки од Гугл, бидејќи тој умре уште во 2009 година.
Потегот на Гугл е дел од стандардната Google Doodle серија во која компанија одбележува значајни светски настани.
Email This
Hits: 320
Коментари (0)

Што мислите за оваа вест

















