Начинот на кој луѓето занесено комуницираат користејќи ги интернет сајтови за дружење, како што се Твитер и Фејсбук, може да се каже дека е една современа форма на лудило, велат водечките социолози.

"Однесувањето кое стана типично сеуште ги покажува проблемите кои некогаш сме ги доживувале како патологија" напиша професорот Шери Турлк во својата книга "Alone Together".
Таа објаснува дека луѓето станаа изолирани од реалноста, поради овие друштвени сајтови, бидејќи технологијата доминира со нашите животи и зошто сме 'помалку луѓе' од порано. Живееме во илузија дека овие сајтови ќе ни овозможат подобра комуникација, но технологија всушност нè изолирана од вистинската човечка интеракција, па во сајбер-реалноста имаме само слаба имитација на реалниот свет.
"Измисливме инспиративна и напредна технологија, но сепак ѝ дозволивме да ја ослабне нашата суштина" напиша Туркл, чија книга во САД привлече големо внимание. Нејзините предупредувања за животот во сајбер светот кои 'дехуманизираат' во согласност е со она што се случи со жената од Брејтон, која оставила порака на својот Фејсбук профил, во која порака го најавила своето самоубиство. Пораката за збогум ја виделе илјадници нејзини "пријатели", но никој не се обидел да ја спречи да не се убие.

Email This
Hits: 515
Коментари (0)

Што мислите за оваа вест