Британецот Клајв Ворт (60) тврди дека преку Интернет запознал околу 1.500 жени, со кои потоа имал и некаква врска
Ворт го усовршил „мувањето“ преку светски познатите мрежи што неговите профили на Фејсбук и другите мрежи веќе неколку месеци се избришани.
- Четири пати ме избришаа од „Фејс“, без било какво објаснување. Овој метод на запознавање ми одговара, и со него ќе продолжам до крајот на животот, изјави Ворт за весникот „Метро“.
Неименуван претставник на управата на сајтот Фејсбук за весникот изјави дека профилите на Ворт навистина се избришани „поради бројните поплаки на другите корисници“.
-Нашиот сајт не е место на кое треба да договорите состанок со илјадници луѓе, кои никогаш и не сте ги запознале, изјави тој.
Ворт, од овие причини, смислил друга тактика и отворал профили под женско име, со ликот на една позната манекенка, па на тој начин се надева дека жените ќе ги „фати“ прво на пријателство, а потоа и вистински да им се претстави.


















