Жешката романса почнала на социјалниот сајт Фејсбук, за завршила со убиство и самоубиство.
Поранешниот армиски офицер 45- годишниот Стујард Шо ја запознал 41-годишната Џули Садлоу на сајтот на Фејсбук во октомври 2008-мата година- информираат од истрагата. Започнале љубовна романса која од корен ги изменила нивните животи, но за жал, не за долго.
Девет месеци подоцна, г-ѓица Садлоу се јавила во Итна служба со тврдење дека Стујард ја удрил по лицето.
Основниот Суд го осудил Стујард за виновен и го пуштил со условна казна да не и приоѓа и да не контактира со својата љубовница Џули. Наместо тоа, посесивниот љубовник само 30 минути откако излегол од судницата и пратил две смс пораки, по што повторно бил уапсен заради кршење на условната казна.
„Мојата крв е на твоите раце. Се гледаме во наредниот живот“ – и пишал на Џули.
Судот во Портсмут повторно му одредува условна казна да не и приоѓа и да не комуницира со Џули.
Самата таа постирала емотивни изјави на својот Фејсбук профил.
„Бев слепо вљубена, се додека тупаницата в уста не ми ги отвори очите“
Како и да е, детективот Демон Кенард, објаснува дека Стујард бил фатен од фото објективите на ЦЦТВ како се упатува кон нејзината куќа. Од фотографиите се гледа дека двојката си ги „простила гревовите“ и заедно заминале на концерт на 6-ти август, но 24 часа подоцна и двајцата биле мртви.
Најверојатно, Стујард враќајќи се од работа отишол во куќата на Џули и ја двапати ја прободел во главата со остар нож. Неколку саати подоцна самиот се фрлил под воз.
Судските инстанци го окфалификувале ова дело како само како убиство и самоубиство.