Google ја купи BumpTop Теchnologies Inc. компанија зад BumpTop апликацијата која го претвара стандардниот десктоп во 3D работна табла на која фајловите ги следат физичките правила како да се документи на реална работна маса.
Корисничкиот интерфејс е приспособен за интеракција со допир, што го прави BumpTop доста привлечен за мобилните телефони и најверојатно Google ќе ја искористи технологијата 3D- десктоп за својот Android ОС.
Исто така BumpTop може да му послужи на Google за својот Chrome оперативен систем, кој се очекува оваа есен првин да се појави на нотбук, а потоа на лаптоповите и персоналните компјутери.