Најголемиот интернет пребарувач "Google" ја објави листата на земји кои бараат цензура на сајтови или испраќање на приватни податоци на корисниците - на прво место е Бразил, а одма зад него е "престолнината" на демократијата - САД.
Земји кои се најдоа на врвот на листата, покрај Бразил и на САД се Велика Британија, Индија, Германија, Франција и Јужна Кореја. Бразил поднел 3.663 барања за приватни податоци за корисниците, САД 3.580, Велика Британија 1.166, Индија 1.061, Франција 846, а Италија 550 барања.