Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Технологија Хардвер и Софтвер Тајмлајн не може да се исклучи – не подлегнувајте на измами!

Тајмлајн не може да се исклучи – не подлегнувајте на измами!

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Разни групи и страници нудат можност за деактивација на Тајмлајн, но зад нив се крие потенцијална опасност за корисниците и сметачите.


Уште од своето претставување пред повеќе од три месеци Тајмлајн предизвика незадоволство меѓу корисниците на “Фејсбук“, а кога од 15 декември тој стана достапен за сите, многумина сепак ги заменија нивните досегашни профили со новиот начин на прикажување на “линијата на нашиот живот“ на оваа социјална мрежа.

Според пишувањето на Интернет страната “Инсајд Фејсбук“, дел од корисниците и понатаму се незадоволни, но и загрижени за приватноста на своите податоци и сакаат да го деактивираат Тајмлајн и да си го вратат стариот профил, но кога еднаш ќе се активира, нема враќање на старо. Иако од “Фејсбук“ се трудат ова да им го објаснат на сите корисници, некои и понатаму мислат дека постои, ако не официјален, тогаш некој алтернативен начин на кој може да се ослободите од Тајмлајн – но тоа може само да ви донесе проблеми.

Па така, на “Инсајд Фејсбук“ при пребарување на Тајмлајн на Интернет пронашле 16 страници на кои наводно се наоѓа решение за деактивација на овие опции, но станува збор за лажни страници и групи кои само сакаат да ги намамат корисниците да кликнат или да стават “лајк“ па до сега собрале дури 71 илјада “лајкови“.

Некои од овие страници се безопасни и од корисниците бараат да гледаат видео записи на “Јутјуб“ или да стават “лајк“ на некоја страна и наводно откако ќе го сторат тоа, “Тајмлајн“ ќе се деактивира, но како што предупредуваат на “Д Некст Веб“, некои страни бараат нешто да се симне од интернет и истото да се инсталира, по што не е познато каква штета може да настане.

Исто така, со оглед на тоа дека бројни корисници и понатаму бараат начини за деактивација на Тајмлајн, секогаш постои можност да се појават уште многу вакви лажни страници и групи кои ќе се обидат да ги измамат корисниците и да ги натераат да симнат некаква штетна содржина за корисниците и нивните сметачи.

Затоа не им верувајте на таквите страници, и ако наидете на нив, пријавете ги на “Фејсбук“ за компанијата да може да ги тргне од мрежата и со тоа да ги спречи проблемите, кои би можеле да им наштетат на многу корисници.

 

извор-нетпрес

Hits: 504
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...