Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Технологија Хардвер и Софтвер Македонците најмногу „висат„ на Фејсбук

Македонците најмногу „висат„ на Фејсбук

Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 

Според едно истражување на блогот Adria Talk, во регионот Македонците најчесто го користат друштвениот веб сајт Фејсбук
Во Европа, според резултатите од истражувањето, има 150.552.960 корисници на друштвената мрежа Фејсбук. Во однос на резултатите од крајот на 2009 година, овој број е зголемен за околу 35 милиони. Најмногу корисници има во Велика Британија (26.331.300), Турција (21.982.620) и Франција (18.352.340).

Во регионот, Србија има најмногу корисници со 2.029.260, а по неа следуваат Хрватска (1.184.620), Босна и Херцеговина (774.680), Македонија (691.940), Словенија (567.780) и Црна Гора (160.220).

Но, ситуацијата е сосема различна кога станува збор за „висење“ на Фејсбук. Корисниците од Македонија најчесто го отвораат сајтот, односно најмногу „киснат“ логирани на него. 33,48% лица со профил на оваа друштвена мрежа се Македонци, следуваат од Словенија со 28,31%, Србија 27,50%, Хрватска 26,39%, Црна Гора 23,84% и БиХ со 16,79%.

Во Македонија, исто така во однос на земјите од регионот, најизразена е и разликата во бројот на корисници според пол - машки 59%, а корисници од женски пол се 41%.
Најзастапени се корисниците од старосна група од 18 до 34 години (64%), а најголем и најинтересен тренд моментално е растот на бројот на корисници постари од 65 години.

 

Hits: 1395
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...