Со него сè почнува, со него и завршува. Бакнежот, понекогаш налик на обичен гест и навика, или почеток на страстен спој меѓу двајца партнери, е еден од најмоќните афродизијаци.

Бакнежот за многумина, всушност, претставува многу поважен емотивен и еротски сегмент од самиот секс. Покрај тоа што влијае на општото расположение, на интимноста и емоциите, бакнежот има многу скриени благотворни ефекти на човечкото здравје.
Бакнувањето го регулира кардиоваскуларниот процес и го намалува високиот крвен притисок и нивото на холестерол. И уште една работа поврзана со крвниот притисок. Со бакнувањето го спречувате настанувањето на стресниот хормон глукокортикоид, кој е виновен за високиот крвен притисок, слабоста во мускулите и несоницата. Доволно е три минутно бакнување за да се ослободите од насобраниот стрес. Долгите бакнежи го започнуваат синџирот на биохемиски реакции што го уништува хормонскиот стрес.
Бакнувањето дејствува како природна вакцина, бидејќи плунката напаѓа одредени бактерии. Плунката содржи бактерии, кое се заеднички за 80 отсто луѓе, а 20 отсто од нив се од индивидуален карактер. Со размената на плунката би требало да се поттикне вашиот имунолошки систем да реагира одбранбено на бактеријата на која сте изложени. Резултатот се покажува во производството на антитела кои ве штитат од тие бактерии. Овој процес се нарекува вкрстена имунотерапија.
Бакнувањето стимулира повеќе од 30 мускули на лицето, кои се одговорни за мазна и сјајна кожа и за зголемување на циркулацијата на крвта под кожата. Со бакнувањето трошите дури 12 калории во рок од пет секунди.
Преку бакнувањето мозокот би требало да ја анализира хармонијата со лицето од спротивната страна. Дали некогаш ви се случило дури по првиот бакнеж да ви стане многу појасно што ви се допаѓа, односно не допаѓа кај одредено лице?
И уште една неверојатна, но голема вистина, бакнувањето дејствува против икањето.

Email This
Hits: 534
Коментари (0)

Што мислите за оваа вест