Денешните деца, поради различни ограничувања, играат надвор помалку, три пати од она што играле нивните родители за време на детството, иако 59 отсто од децата тоа го сакаат.
Најновата студијата, која беше направена на 2.000 деца од страна на Британската асоцијација "Плеј Ингланд", покажа дека само една петтина од децата играат на отворено. 59 проценти од нив истакнаа дека би сакале повеќе да играат надвор од куќата.
Загрижувачки е фактот дека секое десетто дете не знае да вози велосипед, а поради многу заштитничкиот став на родителите према децата, една третина од децата на возраст од шест до 15 години, никогаш не се качиле на дрво!
"Играњето надвор, качување на дрвја и возење велосипед, се важни задоволства што децата денес ги пропуштаат. Замена им се игрите на компјутер", изјави Кетрин Приск, претседател на Здружението кое ја спроведе студијата.
За жал, ниту овдешното искуство не е многу поинакво. Деца во Македонија, најчесто гледаат цртани филмови или седат пред компјутер, и ја пропуштаат можноста да се на свеж воздух и да играат игри со своите врсници.
























