Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Стил Живот Десет најнезгодни детски прашања

Десет најнезгодни детски прашања

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
Детските прашања варираат од едноставни прашања - "Дали ајкулата може да го победи на диносаурусот", низ повеќе проблематични - "Зошто е небото сино?", до речиси невозможни - "Колку е тешка Земјата?" Децата секојдневно ги бомбардираат нивните родители со прашања во врска со можни теми и истражувања.

Една четвртина од родителите често се збунети од детските прашања во врска со теми од науката и математиката. 26 отсто од нив сметаат дека нивните деца знаат повеќе математика и наука од нив, а повеќе од половина од родителите се ужасуваат од прашања на кои не можат да дадат точен одговор.

Студијата, која ја пренесува Ројтерс, покажа дека една третина од родителите, активно бараат точни одговори на прашањата на нивното дете иако повеќето признаваат дека или измислуваат одговор или проблемот го префрлаат на другиот родител.

Истражувањето во 2000 година на кое присуствуваа  родители на деца на возраст од 5-16 години, покажа дека многу родители веруваат дека образовните ТВ програми се причинители за големиот интерес кај нивните потомци за наука и математика.

Многу родители изјавија дека тие требале да бидат повеќе заинтересирани за математиката и науката во училиште, а 10 проценти од мајките се изјасниле дека нивното ограничено познавање е последица од недостатокот на поддршка и охрабрување, додека тие оделе на училиште.

Студијата беше направена за саемот на  младите научници и инженери кој се одржа во Бирмингем од 15 до 17 март.

Топ 10 најнезгодни прашања се:

1. Зошто Месечината понекогаш се појавува и дење?

2. Зошто е небото сино?

3. Дали некогаш ќе ги откриеме вонземјаните?

4. Колку е тешка Земјата?

5. Како авионот останува во воздух?

6. Зошто е водата мокра?

7. Како да се решат фракциите?

8. Каде одат птиците/пчелите во текот на зимата?

9. Како настанува виножитото?

10 Зошто на Земјата има различни временски зони?

Hits: 820
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...