Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Стил Живот Кучето во домот предизвикува кавга

Кучето во домот предизвикува кавга

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
Можеби кучето е најдобар пријател на човекот, но кучето не допринесува да ги подобриме односите со најблиските.



Една неодамнешна анкета покажа дека кучето предизвикува околу 2000 кавги во семејството во текот на својот живот, долг во просек 13 години. Тоа се околу 156 годишни кавги или три кавги во неделата.

Обично кавгата настанува кога се оди на одмор, кога миленичето треба некаде да се згрижи. Кавги настануваат и околу дневното шетање, на кој од домашните му е редот да го прошета кучето, околу неговата дисциплина, просториите во кои смее да оди, качување на кревети и столици итн.

Како што пишува Дејли мејл, една четвртина од анкетираните, признаа дека веќе размислуваат за можноста да се ослободат од кучето, со цел да се врати мирот во домот.

Студијата открива дека кучето не се разликува многу од бебе. Дневната 24-часовна грижа и одговорност која трае во текот на животот на домашното милениче, за многу сопственици е понекогаш претешка.

Hits: 232
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...