Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Стил Живот Насмевката има волшебна моќ

Насмевката има волшебна моќ

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
Има нешто многу поважно од она што ќе облечете, во какви потпетици ќе бидете, на кој парфем ќе мирисате ... Станува збор за насмевката. Без неа, секој свечен фустан ќе делува многу просечно и бледо. Затоа, немојте никаде да одите без насмевка. Причини за ова има многу.

Психолозите велат дека, и кога ќе бидете принудени да се насмевнувате дури и кога не ви е до смеа, веднаш ќе ви се подигне расположението.

Насмевката го подобрува физичкото здравје и го зајакнува имунолошкиот систем, затоа што тогаш телото е опуштено. Насмевка и смеењето ни даруваат подолг живот. Истражувањето спроведено на Универзитетот во Илиноис покажа дека луѓето кои се смеат често живеат подолго и до десет години од оние луѓе кои ретко се со насмевка, а научниците од Универзитетот Ведербит покажаа дека смеењето поттикнува побрзо согорување на калориите за 20 проценти .

Во текот на смеата, телото веднаш ослободува ендорфин, кој ослободува од стрес. Во оваа верижна реакција се зголемува и нивото на серотонин, кој исто така го намалува стресот.

Насмевката ќе биде ваша влезница, за каде и да е, на кој дел од светот. Поточно, додека ракувањето и прегратките се разликуваат од култура до култура, насмевка е универзален знак на среќа и прифаќање.

Жените се смеат повеќе од мажите. Дури и машките бебиња  помалку се смејат од женските. Меѓутоа, кога мажите и жените се натпреваруваат за истата работа или друштвена улога, се смејат еднакво!
Жената, во просек, се смее 62 пати на ден, додека мажите само осум пати. Ова е одлична вест за женскиот род, затоа што е една светска компанија која произведува гуми за џвакање спроведе студија која покажа дека 69 проценти од луѓето мислат дека жените изгледаат помлади и поатрактивни кога ќе се смеат, отколку кога тие се нашминкани, но без насмевка.

Hits: 399
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...