Бременоста е еден од најубавите периоди во живото на жената, девет месеци поминати во исчекување и подготвување за новиот член во семејството.
Со сите сте ја поделиле срекната вест дека сте бремени, а семејството, пријателите, па дури и непознати луге ве бомбардираат со народни мудрости за блажената состојба. Не треба да се изненадите ако некој што го гледате првпат во животот ви понуди да го погоди полот на вашето бебе. Не возбудувајте се! Поголем број од тие приказни, иако знаат да бидат забавни, воопшто не се вистински. Ви ги претставуваме најстарите "дијагнози" за утврдување на полот на бебето и на текот на бременоста.
Една од нив е дека пикантната храна може да предизвика породување. Во поголем број случаи бремените жени можат да јадат речиси с е, но постои одредена храна на која ги предупредуваме да внимаваат или да ја избегнуваат, како што е мекото или непастеризираното сирење. Тие продукти, иако ретко, сепак, можат да содржат бактерија листерија, која се поврзува со пометнување и со предвремено породување, истакнуваат лекарите. Постои и една голема заблуда за срцевите отчукувања, односно ако отчукувањата на срцето се ниски - носите машко, а доколку се високи - носите девојче. Освен тоа, едни од поинтересните верувања дека носите женско се: ако имате утрински мачнини на почетокот на бременоста, ако чувствувате тежина во задникот и во колковите, ако левата дојка ви е поголема од десната или ако вашата коса добие црвен сјај.
Една од бабините приказни на која не треба да обрнувате внимание е дека доколку бремената жена ги крене рацете над главата ке го задуши детето! А постои и едно сексуално суеверие, кое гласи дека страсното водење љубов предизвикува породување. Но, лекарите тврдат дека сексот нема да предизвика породување, всушност, тие ги советуваат лугето да го практикуваат.
Сигурно досега илјадници пати сте слушнале дека доколку бремената жена има киселини, детето ке има многу коса или, пак, тој што на бремената жена нема да и ја даде храната што ја сака ке добие јачмен.
Една од најбесмислените заблуди е дека доколку бремената жена види нешто грдо или страшно и бебето ке биде грдо. Тоа е двојна лага, како прво за тоа не постои никаков научен доказ, а како второ не постои нешто што може да се нарече грдо бебе, велат гинеколозите.
Постојат празноверие и за тоа дека детето ако е родено со дамки во боја на бело кафе, мајката пиела многу кафе или во текот на бременоста не ја исполнила секоја желба. Дали сте слушнале дека детето може да и ја украде убавината на мајката? Доколку лицето на бремената жена е исфрлано носи девојче, кое ке и ја украде целата убавина. Но, тоа е шовинистичка претпоставка и во секој случај тоа не е вистина, едноставно тоа е смешно, истакнуваат лекарите.
Еден од најчестите митови е дека жената што го носи високо бебето ке има девојче, а доколку го носи ниско ке има момче.
Во текот на бременоста најдобра стратегија е советите на пријателите и на роднините да ги прифакате со внимателност, а советите што ги дава лекарот треба, навистина, да се почитуваат.
























