Иако секси долната облека се чини како идеален подарок за вашата поубава половина, кој можете да го купите и во последен момент, мажите треба да внимаваат.

Дури половина од вкупно 24 милиони гаќи кои се подаруваат за Нова Година во светот, никогаш не стигнуваат на женскиот задник.
Според истражувањето на британската компанија за долна облека, „Др Бекман“, голема е веројатноста залудно да купите подарок за вашата партнерка. Дури 48 отсто од жените никогаш не ја облекуваат долната облека која ја добиваат на подарок. Околу 31 отсто од гаќите кои мажите ги купуваат се погрешна големина, или преголеми, или премали.
Жените најчесто не ги носат поради тоа што се премногу мали, имаат премногу чипка или, едноставно се погрешна боја. Поради тоа ќе завршат на дното од ормарот. Една третина од жените ги облекуваат само еднаш, а потоа ги отфрлаат.
Од компанијата велат дека мажите најмногу грешат со црвена долна облека и со долна облека која според мажите е секси.
- Мажите не знаат да одберат долна облека. Најчесто бираат нешто што според нив е малку палаво, а според жените е премногу палаво. Тие парчиња девојката никогаш нема да ги облече - вели Сусан Фермор од Бекман.

Email This
Hits: 621
Коментари (0)

Што мислите за оваа вест