Луѓето често сакаат наутро да се излежуваат во креветот за да дремнат уште малку. Според научниците, потребата од повеќе сон се крие во нашите гени. Во истражувањето учествувале 10 000 Европејци, вклучувајќи доброволци и од Хрватска, Холандија, Италија, Естонија и Германија.
Заклучокот бил дека учесниците кои го имаат генот ABCC9, им треба околу 30 минути повеќе сон во текот на ноќта.
Секој петти Европеец го носи генот, објаснуваат научниците од Универзитетот во Единбург и Универзитетот "Лудвиг Максимилијан" во Минхен.
Воспоставено е дека потребите од сон на луѓето можат значително да се разликуваат. Носителите на генот ABCC9 имаат потреба повеќе од 8 часа сон во текот на ноќта.
Склоноста кон подолг или пократок сон често се пренесува во семејството, без оглед на фактот дека на количината на сонот може да се влијае возраста, географската ширина, сезоната и дневно-ноќниот ритам.