Monday, May 21st

Апдејт:09:38:21 PM GMT

вие сте: Стил Живот Како се однесува вистинската жена

Како се однесува вистинската жена

Ниво на корисникот: / 4
НајлошоНајдобро 
Поголемиот дел од жените потсвесно се стремат кон совршенство. Некои бараат совршенство во физичкиот изглед, некои во материјалната состојба, но тајната на совршенството на секоја жена е во нејзиното однесување.

Како што сите знаеме, не постојат грди жени, постојат само незадоволни. Со цел да поработат на своето задоволство, жените користат различни трикови. Но не постојат правила на кои секој мора да се придржува, постојат само препораки кои би можеле да се следат.
Дознајте како се однесува вистинската жена и како со нејзиното однесување влијае на средина.

Тајните на вистинската жена


1. Задоволна и независна

Вистинската жена е независна. Таа секогаш е зафатена со работа, интересирања и хобија. Таа нема време да се занимава со проблемите на другите. Не ги „живее„ туѓите животи, но само својот. Ова не значи дека таа е себична и не им помага на другите. Таа секогаш ќе биде таму за своите пријатели, роднини и колеги, подготвена да ги слушне нивните проблеми и да им помогне колку што е во нејзина моќ. Жената не треба да ги решава проблемите на својот маж, бидејќи тој треба да се грижи за неа.

Вистинската жена знае како да се однесува со луѓе. Таа е комуникативна, енергична, духовита и секогаш во центарот на вниманието. Може да остане мистериозна, и никој не може да ја принуди да зборува за нешто што не сака и на никому не се правда.


2. Самоуверена и опуштена

Таа ги знае своите вредности и квалитети. Сè што таа прави, го прави со елеганција. Таа знае да ужива и е голем хедонист. Таа знае што сака и никој нема да ѝ застане на патот.

Вистинската жена е доста самоуверена и не ја допираат гласини од околината, но има високо крената глава.

Таа секогаш е смирена и опуштена и се однесува како да нема било какви проблеми. Сите нервни напади и хистерија не се за во јавност. Најдобро е да се држи на страна, а солзите да ги зачуваме само за себе, бидејќи солзите понекогаш оставаат лошо влијание врз луѓето, што некои можат да го искористат.

3. Насмеана и негувана

Насмевката е составен дел на нејзината личност. Мажите се подготвени да ѝ простат скоро за сè, во замена за една насмевка што треба да каже "жалам". Насмевката е единствената која може да поправи сè.

Вистинската жена се грижи за своето здравје и изглед. Таа е секогаш добро облечена, негувана и има неколку добри фустани во плакарот. Добрата облека ја користи кога треба да остави добар впечаток. Иако е тешко да изгледа убаво цело време, за жената тоа е навика.

Жената може да дозволи да задоцни 10-15 минути. За жената подобро е малку за задоцни, отколку да пристигне на договореното место пред мажот. Мажите сепак се тие кои треба да чекаат. Подобро тој неа, отколку таа него.

Hits: 2298
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...