Паровите кои живеат заедно пред брак два пати поверојатно е дека ќе се разведат, жените го изговараат првото "Те сакам " и мастурбираат речиси исто колку и мажите, откриваат статистиките.
1. Жените се заљубуваат побрзо
Според една студија за истражување на интернет страницата Match.com, 54 отсто од мажите се заљубиле на прв поглед, додека истото тоа им се случило само на околу 41 отсто од жените.
2. Мажите сакаат повеќе слобода
Во сите возрасни групи, жените се тие кои бараат повеќе слобода за себе во врската, како и повеќе вечери со пријателите. Исто така, повеќето мажит сакаат сопствени банкарски сметки и самостојно патување.
3 Самците очајно сакаат да се оженат
Според истражувањето, 72 отсто од самците би живеел со некој во иднина, но не би сакале да се оженат. Во групата од 21 до 34 години венчавка сакаат 62 отсто од мажите и жените, 9 проценти не сакаат, а 29 проценти не се сигурни во брак. Кај самците од 35 до 44 година, оваа бројка се намалува уште повеќе, открива истражувањето на Match.com.
4 Живеење заедно пред брак го намалува ризикот од развод
Иако повеќето луѓе сметаат дека живеењето заедно пред брак е добар тест за врската, студијата од Денвер Универзитетот покажа дека овие двојки имаат двапати поголема веројатноста за развод по венчавката.
5. Секс без обврски е за оние со "мал морал"
Секс без обврски е прифатливо за повеќето луѓе. Околу 77 проценти од Американците одобриле секс пред брак, 42 проценти "пријатели со бенефиции", 40 проценти од секојдневен секс и 29 отсто секс за една ноќ.
6. Работа и љубовта не се мешаат
Во изминатите пет години само 12 отсто од луѓето биле во врска со некој од својата канцеларијата, според американските истражувања. Повеќето канцелариски романси траеле помалку од три месеци, додека само шест отсто од жените биле со нивните шефови. По раскинувањето, повеќе од половина од народот вели дека тоа не влијае на нивните професионални односи.
7. Луѓето изневеруваат, бидејќи се несреќни во бракот
Само околу 10 проценти од луѓето го оставаат брачниот другар поради љубовникот или љубовницата, а изневерувале само затоа што имаа можност, покажале истражувањата.
8. Жените чекаат мажите да го направи првиот чекор
Повеќето жени не можат да ги дочекаат зборовите "те сакам" во врската. Така, 63 проценти тие први ги изговараат, а тоа го прават само 37 проценти мажите, според истражувањето на интернет списанието Гламур.
9. Прстен како доказ на љубовта
Околу 40 отсто од жените како поголем доказ за љубовта и инвестиција во иднината го гледаат во заедничкиот простор за живеење, отколку во прстен, откри истражувањето на Центарот за инвестирање Вулвич.
10. Мажите повеќе мастурбираат
Околу 40 проценти од мажите и 30 отсто од жените кои се во врска редовно мастурбираат, додека тие што се во брак, редовно мастурбираат 72 отсто од мажите и 68 проценти од жените, покажува истражувањето на познатиот американски научник по сексуалност, д-р Алфред Кинси.
























