Sunday, Feb 05th

Апдејт:04:05:39 PM GMT

вие сте: Стил Живот Пет машки глупости

Пет машки глупости

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Станува збор за ситуации во кои секој маж ќе се најде барем еднаш во животот. Мажите понекогаш се очајни за да ја импресионираат својата девојка и се подготвени од себе да направат комплетни морони. Видете за што станува збор.



Пиење премногу алкохол - се разбира, малку алкохол може да ја подигне самодоверба, но претерување и правење будала од себе, за да го забавувате спротивниот пол само ќе доведе до контраефект. Запомнете, вакви претерувања не поминуваат ни кај некоја тинејџерка.

Глумење фраер - единственото нешто што е полошо и од срамежлив маж на забава е оној кој се обидува да се направи дека е кул. Ако сте срамежливи, можеби и ќе изгледате интересно. Но, ако се обидувате да се однесуваат како фраер, затоа што мислите дека тоа ги привлекува девојките, само ја потценувате нивната способност,и изгледате смешно и исфрустрирано.

Носење на тесните кошули или маици за да ги покажат своите мускули - ок,  разбираме дека сте горди на изградената фигурата  по часови, месеци и години поминати во салата за вежбање. Но, тоа не значи дека на тој начин ќе го привлечете вниманието на секоја девојка. Пред се, повеќе внимание ќе привлечете на одредена група на мажи. Ако веќе морате, одведете ја вашата сакана на плажа или базен. Инаку, носете нормална кошула или маицa.

Тунинг автомобил - мажите кои мислат дека девојките ќе полудат за нив само затоа што на својот стар голф додаделе алуминиумски фелги и спортски гуми, само фрлиле  пари. Дури и да ја привлече на девојката изгледот на автомобилот толку многу што ќе посака да седне внатре, на крајот, сепак, вие ќе мора со нејзе да поразговарате, а не автомобилот. Истото важи и за оние кои подигаат кредит за купување на бесни автомобили а треба да скратат од себе за да ги отплатат..

Тетовирање на нејзиното име - дури и познатиот Џони Деп беше принуден да ја промени тетоважата „Winona forever„ во „Wino forever„, но  и понатаму не изгледа добро. Треба ли дополнително нешто да се каже на ова?

Hits: 530
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...