Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Стил Секс Зошто жените не иницираат секс?

Зошто жените не иницираат секс?

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Многу мажи се жалат дека тие секогаш иницираат секс, но многу ретко се подготвени да разговараат со својата партнерка за тоа. Понекогаш патем ќе споменат, но тоа на нивната девојка нема да ѝ сигнализира дека нешто не е во ред, но ќе ѝ сигнализира дека тој сака само секс, но дека не е проблем ако тоа не се случи.

Експертите им советуваат на мажите, ако сакаат нивната половина да иницира секс, тие мора да зборуваат со неа.

Би било најдобро да ѝ ставите до знаење дека ова навистина ви е многу важно и дека сте најсреќни во светот ако таа покажа дека сака да води љубов со вас и дека таа е онаа која ќе иницира секс.

Главниот проблем поради кој жените не иницираат секс, е затоа што тие мислат дека ќе бидат одбиени. Жените кои имаат малку помалку самодоверба, веруваат дека нивниот партнер ќе им каже дека е премногу уморен, или едноставно ќе одговори негативно ако таа преземе иницијатива.

Многу девојки срамежливо иницираат секс, со тоа што нежно ќе го бакнат својот партнер, ќе го помилуваат или ќе му шепнат на уво. Ако мажот не ги прочита овие срамежливи знаци, тогаш жената се плаши како тој ќе реагира на малку поагресивен настап, кој не може да се толкува поинаку.

Меѓутоа, советите на експертите, во најголема мера се основаат на фактот дека за егото нема место кога сте во врска и егото едноставно треба да се остави пред вратата на спалната.

И мажите се плашат од одбивање, но сепак се обидуваат да се наметнат, така што жените треба да продолжат да се обидуваат да иницираат секс.

Мажите и жените треба да работат заедно на градење на врската, затоа што ако некој се труди многу повеќе за разлика од другиот, јазот ќе се појави.

Значи, тоа што жените се можеби малку срамежливи не е оправдување, на својот партнер да му покажат дека го посакуваат и дека сакаат да водат љубов со него, пренесува Тајмс оф Индија.

 

Hits: 673
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...