Доволен е само еден обичен секс да ви помогне полесно да ги положите испитите и да добиете подобри оценки. Германскиот социолог Вернер Хабермел од универзитетот во Хамбург заедно со неговиот тим направиле едно необично тестирање на група студенти пред и по водење љубов.
Тие откриле дека сексуалната активност драстично ја зголемува менталната способност, односно меморијата и другите когнитивни вештини. Студентите кои помалку или воопшто не практикуваат сексуални односи, се соочуваат со поголеми проблеми при полагањето на испитите.
Хабермел, исто така, утврдил и дека нормалниот сексуален однос позитивно влијае и на човечката интелигенција. Водењето љубов го стимулира функционирањето на мозокот и ја зголемува интелигенцијата кај луѓето.
Сексуалната активност освен што го возбудува телото, го стимулира и мозокот, бидејќи на тој начин се зголемува количеството на хормоните адреналин и кортизол кои влијаат на мозочните функции.
Ендорфинот и серотонинот, кои се лачат при оргазам, влијаат на јакнењето на самодовербата кај човекот, го ослободуваат од стрес и напнатост.