Секој може да има секс, но за да имате одличен секс не се доволно само вештини, секси долна облека и промена на местата за „акција„. Мозокот е најголемата и најважната ерогена зона! Сексуалните терапевти Џорџа Фостер и Беверли Ен Фостер во својата нова книга „4 Secrets of Amazing Sex„ се фокусираат на умот исто колку и на телото и ги донесуваат тајните кои ќе ви помогнат да ја ослободите вашата страст.

Заведување
Многу луѓе мислат дека треба да бидат заведени за да се чувствуваат секси. Погрешно! Желбата за секс започнува во вашата глава. Ваша одговорност е да разберете и да знаете што ве пали. Ова е она што вие го чувствувате, а не очекувајте партнерот веднаш да возврати со иста мера. А потоа доаѓа заведувањето и употребете го вашето "оружје"!
Чувство
Втората тајна е поврзана со сетилата. Апсорбирајте ја енергијата помеѓу вас и вашиот партнер, и не заборавајте на мирисот, допирот, звукот и вкусот. Многу пати поради премногу обврски и оптоварувања ги забораваме нашите сетила, а без нив сексот е "без сјај".
Предавање
Да се чувствувате сигурно и да му се предадете на партнерот и да имате сексуален однос е тајна број три. Благодарение на првата и втората тајна, вашиот ум е подготвен, и сетилата се тука. Мора да се чувствувате дека во тој момент сакате да бидете точно каде што сте и да го правите она што го правите, присутни со телото и духот со цел да се чувствувате поврзани со вашиот партнер.
Одраз
Ако се забавувате со првите три тајни, одразот се однесува на поглед назад и на искуството кое сте го имале и кое ве исполнило и задоволило, за да посакате повторно и поторно. Ако не сте во можност да се чувствувате задоволно, а сте имале лошо искуство по откривањето на овие тајни, може да имате недоволно самодоверба, но за тоа постои решение.
Еве што во книгата советува Џорџа:
- Игнорирајте го оној "лош глас" во вашата глава кој ви го расипува доброто расположение.
- Испробувањето на нешто ново во спалната соба понекогаш може да биде застрашувачко. Договорете се за невербални знаци кога тоа ќе се случи и одложете го тој чин во кој сте се впуштиле и обидете се со нешто кое сте го испробале.
- Седнете со вашиот партнер и направете листа на она што на почетокот на вашата врска, придонесе да ви се затресуваат колената. Размислете заедно што е она што ве привлекувало еден со друг, бидејќи таквите работи се забораваат со текот на времето.
- Секој пат за време на сексот додадете нешто ново, зачинете го со некоја мала измена по ваша желба или желба на партнерот, па ќе ви биде интересно.


















