Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Стил Секс 'Лошите' девојки знаат да уживаат во сексот

'Лошите' девојки знаат да уживаат во сексот

Ниво на корисникот: / 2
НајлошоНајдобро 

Сакале тоа да го признаат или не, мажите сакаат 'лоши' девојки. Да не дојде до забуна, под поимот 'лоши девојки' се мисли на сите они припаднички на понежниот пол кои се отворени во сексот, не се плашат од експериментирање во постелата, сакаат да задоволат и да бидат задоволени. Заради тоа, мажите ги обожаваат, а сексот со 'лоша' девојка трајно им останува во сеќавање.


Еве кои квалитети ги красат секси 'лошите' девојки.

Истражувач

Лошите девојки знаат да уживаат во телото на својот партнер. Тие немаат проблеми со тоа детално да му го истражуваат голото тело на партнерот. Се задржуваат на места кои тие сакаат, допираат, набљудуваат, проучуваат... Тие не се срамежливи и немаат проблеми да покажат дека се воодушевени со некои делови од машкото тело. Зошто тоа им се допаѓа на мажите? Таквото однесување им годи на нивното его, а кога жената јасно ќе покаже воодушевување со нивниот изглед, на нивната среќа им нема крај.

Бесрамен говор

Да, сите девојки уште од малечки ги учат дека не смеат да зборуваат прости или поточно 'валкани' зборови. Меѓутоа, некои девојки во текот на растењето забораваат на таквите совети и создаваат свои сопствени правила. Тоа се 'лошите' девојки кои не сакаат да се срамат во ништо, па така и во вербалното изразување за време на сексот. Тие немаат проблеми на партнерот да му шепнуваат валкани зборови на увце и немаат проблеми да ги кажат оние зборови од кои нивните мајки би паднеле во несвест. Зошто мажите го сакаат тоа? Затоа што и тие се склони кон бесрамниот говор, а кога тоа го прави и неговата партнерка, ги оптуштаат сите сопирачки и бескрајно уживаат.  

Воајерка

Општо е познато дека мажите се визуелни типови, а очите им се особено ширум отворено за време на сексот. И 'лошите' девојки сакаат да гледаат исто како и мажите. 'Лошата' девојка нема проблеми да го набљудуваат секој детал што се однесува за време на сексуалниот однос, а многу од нив и гласно ќе го изразат воодушевувањето од она што го гледаат. Освен тоа, 'лошите' девојки не би имале ништо против ниту од снимање на сопствениот секс. Дотолку повеќе, 'лошите' девојки и го поттикнуваат тоа. Зошто мажите го сакаат тоа? Затоа што исклучително ги возбудува кога ќе видат дека девојката го гледа она што и тие го гледаат.

Актерка

На 'лошите' девојки воопшто не им е непознато играњето на улоги. Нив не треба два пати да ги убедувате да облечат секси костим на медицинска сестра. Освен тоа, тие самите ќе се сетат една ноќ да облечат костим на секси навивачка, а следната во опасна доминантна жена. За 'лошата' девојка сите опции се отворени, а изборот на улогата зависи од расположението. Освен со облека, таа својата улога ќе ја надополни со сите пропратни работи. Зошто мажите го сакаат тоа? Затоа што имаат можност да бидат со ликовите за кои од мали сонувале.

Hits: 1647
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...