„Сперм-џекерс“ е нов термин за жени кои силно посакуваат да останат бремени, без оглед на тоа дали се вљубени во вас или не, дури не е ни важно дали им се допаѓате.

За да ги спречат ваквите жени во своите намери и да ги предупредат мажите, познатото списание АскМен состави листа од пет различни типови на жени кои ја сакаат само машката сперма.
1. Лезбејка
Таа не сака мажи, но иако не ве сака, со време сте и потребен, т.е. потребна и е вашата сперма. Таа ќе се обиде тоа да го добие од вас со тоа што директно ќе ве праша дали сакате да и дадете ваша сперма да ја оплодите или пак ќе побара тоа да го направите на старомоден, класичен начин.
Очекувања и обврски: Многу ниски, а во повеќето случаи не постојат. Голема е веројатноста дека лезбејката ќе се согласи да го посетувате бебето, но ќе биде најсреќна ако воопшто не се мешате во подигнувањето и воспитувањето на вашето дете, а посебно не во нејзината врска со друга девојка.
2. Жена која нема време
Жена која сфатила дека води битка со времето е една од најопасните жени. Таа итро ќе ве однесе во кревет, со помош на трикови ќе ве натера да свршите во неа, а набрзо ќе почне да бира куќа, ограда и детски имиња. Бидејќи веќе пропуштила неколку возови, таа е во потрага по нов и сигурно нема да го пропушти.
Очекувања и обврски: За разлика од лезбејките, кои ништо не очекуваат, жените на кои времето им поминало ќе сакаат да вкусат семејна идила и ќе бараат од вас целосна одговорност. Запамтете - денес нема потреба за кондом, а утре ќе има стомак до заби.

3. Грабливка
Следниот тип на жени веројатно е најлош вид од листата. Таа ќе ве опседнува, а кога ќе ве добие никогаш нема да ве пушти. Ќе ви пријде од позади кога најмалку ќе се надевате и нема да ве остави на мир. Најдобар начин тоа да и успее сигурно е бебе кое „случајно“ ќе го направите.
Очекувања и обврски: Многу, многу високи! Оваа жена силно ве сака до себе, но не само како татко на нејзиното дете, туку како маж кој со неа ќе го поминете целиот живот.
4. Осамена
Не е потребно многу да се објаснува. Таа едноставно е осамена и потребна и е вашата сперма. Не е тешко да се забележи со оглед дека е депресивна, асоцијална и чудна, но таа е жена - тоа е доволно да спиете со неа.
Очекувања и обврски: Со неа никогаш не знаете како, бидејќи е многу непредвидлива. Може да ве сака засекогаш, а можеби и е доволно само бебе за да ја исполни нејзината празнина па од вас нема да бара апсолутно ништо.

5. Независна
Последната од жените на листата кои ја сакаат вашата сперма е независната жена. Таа мрази мажи. Не е лезбејка туку само гневна на машкиот пол. Цел живот и се врти околу тоа, што мажите не можат да направат и за што се неспособни. Сепак, сфаќа дека сака да има деца па ве притиска за таков чин.
Очекувања и обврски: Не постојат. Независната жена од вас нема да бара никакви обврски, но не грижете се, секојдневно ќе ве потсетува на тоа дека не и требате ниту вие, ниту било кој маж.
Совет - дајте се од себе и бидете најдобар татко, покажете и дека таа не може да го замени вашето место.


















