Ако сакате маска за лице или пилинг за чистење на кожата, можете да ги направите на едноставен начин. Ќе ви помогнеме околу правењето и постапката на истите.
Маска за лице
Ако имате сува кожа може да направите убава хидратантна крема од авокадо и мед Се мешаат две големи лажици авокадо со две лажици мед и една жолчка. Добро се меша и се нанесува на лицето во тенок слој и се остава да делува од 15 до 20 мин. Се отстранува од лицето со топла вода. Кожата ќе биде засјаена и мека.
За масна кожа
Ако имате масна кожа се варат три големи моркови кои потоа се пасираат со пет лажици мед и јогурт. Маската се нанесува на лицето и се оставете да делува 15 до 20 минути, а потоа се мие лицето со топла вода. После маската кожата ќе е мека.
За освежување на кожата
За додатно освежување на кожата се мешаат три лажици глицерин (го има во секоја аптека) и една лажица мед. Смесата се нанесува на лицето и се остава да делува преку ноќта. Кожа ќе изгледа свежо и здраво.
Чистење
Камилицата е одличен „чистач„ особено ако имате сува и чувствителна кожа. 50 мл. кајмак исто толку млеко, се меша со две лажици сува камилица. Смесата се вари околу половина час. Од кога ќе се тргне од оган, треба да постои два часа, да се олади и стегне. Се цеди и се става во фрижидер добро да се олади. Се нанесува на лицето со помош на вата.

За да се намалат порите
Се нанесува свежа белка на лицетето. Се остава да делува половина час, а потоа се отстранува со млака вода.
Пилинг за лице
За кожата да има сјај , се подготвува маска на следниот начин: се меша лажица масло од ружа со лажица морска сол. Се масира нежно лицето и вратот за да се отстранат мртвите клетки.
Пилинг за тело
И вашето тело може да ужива во багодетите од кујната. За многу едноставен пилинг за телото, измешајте пасирани банани, со крупен шеќер, соја или мед. На секоја банана доаѓа една лажица шеќер или сол и една лажица мед.


















