Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Стил Мода и Убавина Трикови за интензивна боја на коса

Трикови за интензивна боја на коса

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Без разлика дали имате природна боја на коса или ја боите, постои начин да биде уште поинтензивна бојата, но и посјајна косата. За ова ви требаат неколку состојки од кујната.

Џулу Габриел, автор на книгата "Водич за природна убавина" ги откри сите засилувачи на боја на коса, и додава: "Ќе постигнете слични резултати како и со бојата која ја купувате, но ќе ги избегнете, вештачкиот мирис, бојата и хемикалиите".

Ви требаат само неколку минути во неделата и неколку клучни состојки од природата.

Русокоси


Потребно е: 1 лимон, 1 свеж компир, половина чаша чај од камилица.

Се цеди сок од лимон, се меша со изрендан компир и се добива маска. Се додава чајот и се меша. По миењето на косата со шампон, се применува оваа маска и нежно се масира  темето. Со капа или ќеса главата се покрива косата, а потоа со фен се загрева темето од 2 до 3 минути. Потоа косата се мие.

Како дејствува?
Камилицата и лимонот имаат ефект на белеење, а киселината од сокот од лимон, делува на ензимите од компирот да навлезат во косата, и ги осветлуваат.

Црвенокоси

Потребно е: 3 средни моркови, 2 лажици мед, 3 лажици кисело млеко (ако сакате да ги освежите бакарните тонови, тогаш ви треба половина чаша брусница).

Се ситнат свежите моркови во блендер, се додава брусницата ако се користи, потоа медот и јогуртот и се прави едноставна каша. Се нанесува косата и нежно се масира темето на главата. Маската се чува од 1-2 минути.

Како дејствува?

Киселината од јогуртот помага на антиоксидансите од брусницата и морковите да се ослободат и да ја обојат косата, додека медот хидрира

Бринети


Потребно е: половина чаша какао, половина чаша јогурт, една лажица мед, една лажица јаболков оцет.

Од сите состојки се прави смеса, се нанесува на косата и се остава да делува 2-3 минути. Претходно се стави крпа околу вратот инаку можно е да се обои кожата на вратот. Потоа косата се мие.

Како дејствува?

Медот ја храни косата, а киселината од јогуртот и оцетот навлегуваат длабоко во косата, дозволувајќи така и на пигментот од какаото подобро да навлезе во косата.

 

Hits: 794
Коментари (1)Add Comment
...
Коментирано од .., февруари 11, 2012
ima nekoj so go probal voa da mi potvrdi deka fukcionira?

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...