Во овој период од годината најпопуларна е плетената облека, а оваа сезона посебно место му припадна на долгиот џемпер. Дизајнерите и овој пат се обидоа да понудат многу модели, па излозите се полни од бутиците со џемпери со различен стил, кои оваа сезона се носат над панталони, фустани, здолништа, фармерки ...

Модерни се широки долги рамни џемпери на раскопчување кои добри стојат со едноставни и елегантни варијанти на облека. Актуелни се и тесни модели со ролка, кои се најистакнатите во комбинација со тесни панталони и фармерки. Многу атрактивно изгледаат и долгите џемпери до колената, кои се носат како зимска облека. Оваа сезона, хит се и модели со двојна капа кои целата фигурата ја прават женствена и елегантна.
Што се однесува до бојата, не постојат правила. Освен актуелните сезонски бои - сива, кафеава, црна, црвена, модерни се поведри бои - виолетова, розова, сина, жолта, циклама ...


















