На модната сцена преовладуваат ретро деталите, а меѓу нив посебно место заземаат брошевите.

Ова парче од накит оваа сезона ги инспирира и најпознатите дизајнери, па така што се носи со многу комбинации.
Стилистите советуваат да ги изберете внимателно, бидејќи без разлика како и да изгледаат, дали се мали или големи, впечатливи или дискретни, брошевите се одраз на вашиот моден стил.

Оваа есен и зима се појавија модели инспирирани од различни мотиви, различни форми и бои, направени од полускапоцени камења, бело и жолто злато, бисери, кристали, со пердуви, крзнени, како и тие со богато украсени антички модели што сме го виделе во кутиите на нашите баби. Освен на палтото, брошевите можат да се носат на појас, шал, на џебот на панталоните, па дури и на чантата или чевлите.
Email This
Hits: 604
Коментари (0)

Што мислите за оваа вест